Фудбалерите на Наполи ја совладаа Аталанта во Бергамо во 13. коло од италијанската Серија А со резултат 2:1 (2:1).
На овој начин избраниците на Лучијано Спалети дополнително се одлепија од првото место на табелата, бидејќи сега имаат осум поени повеќе од Аталанта. Милан подоцна вечерта би можел да дојде до шест минус бодови доколку од 20:45 часот ја победи Специја на „Сан Сиро“.
Фудбалерите на Аталанта прв повлекоа потег, постигнаа гол преку Адемола Лукман во 19. минута. Но, само четири минути подоцна израмни Виктор Осимен.
Тој фантастично скокна по центаршутот на Пјотр Зиелински и со глава ја затресе мрежата за 1:1.
Многу брзо, по 12 минути, Наполитанците направија целосен пресврт.
Џелат беше Елиф Елмас по додавањето на Осимен од десната страна. Македонскиот репрезентативец беше стартер, на местото на Кварацкелија, кој поради повреда го пропушти дербито.
За довербата возврати со убав гол, втор за него во Серија А оваа сезона.
Во продолжение Аталанта се обиде да избегне пораз и да остане во трката со лидерот, но најдобрата шанса ја пропушти преку Адемола Лукман.
Наполи, пак, би можел да го затвори мечот преку Џовани Симеоне, кој не беше прецизен.