Top Sport

Елмас и Наполи против Барселона, Севилја противник на Динамо

Фудбалските фанови добија вистински спектакл во плеј-офот во Лига Европа. Ждрепката во 1/16-финалето ги спои Барселона и Наполи, чии дрес го носи македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Среќа немаа ниту останатите македонски репрезенти, Динамо Загреб на Аријан Адеми и Стефан Ристовски ќе игра против најтрофејниот клуб во ова натпреварување, Севилја, додека Шериф на Бобан Николов ја извлече Брага.

Во оваа фаза од Лига Европа се натпреваруваа клубите што испаднаа од Лигата на шампионите и клубовите кои ја завршија фазата по групи во Лига Европ како второпласирани.

1/16 финалните натпревари ќе се одиграат на 17. и 24.февруари 2022 година.

Севилја-Динамо Загреб
Аталанта-Олимпијакос
Лајпциг-Реал Сосиедад
Барселона-Наполи
Зенит-Бетис
Борусија Дортмунд-Глазгов Ренџерс
Шериф-Брага
Порто-Лацио

Победниците од овие натпревари, во осмина-финалето, ќе играат против победниците на групите во Лига Европа: Лион, Монако, Црвена звезда, Спартак Москва, Ајнтрахт, Галатасарај, Баер Леверкузен, Вест Хем.

Ждрепката за осмина-финалето ќе биде одржана на 25.февруари.

Scroll to Top