Top Sport

Елмас им даде поддршка на „домашните“ репрезентативци

Македонскиот интернационалец Елиф Елмас не е дел од оваа селекција на Благоја Милевски која ќе игра пријателски натпревар против Саудиска Арабија на 22.октомври, но дојде да им даде поддршка на селекторот и на фудбалерите на денешниот тренинг на комплексот на ФФМ. Тој вчера играше за Наполи во Серија А, а слободните денови ги искористи да скокне до Македонија.

Секако, веднаш дојде и да ги види членовите на стручниот штаб и фудбалерите на македонскиот национален тим.

Едноставно, Елиф Елмас „дише“ за Македонија…

Scroll to Top