Top Sport

Елмас ја воодушеви Италија: Го соблече дуксерот на семафор и му го подари на фан на Наполи

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и неговите соиграчи од Наполи уживаат во моментите на слава во градот под Везув. Тимот галопира кон првата шампионска титула по ерата на Диего Марадона од 1990 година, а фановите се во делириум и ги следат фудбалерите на секој чекор.

Таков веше случајот и синоќа, по натпреварот со Аталанта, на Елиф Елмас. Тој ја воодушеви јавноста во Италија откако на семафор го соблече дуксерот што го носеше и му го подари на млад навивач на Наполи.

Scroll to Top