Top Sport

(Видео) Елмас ја запечати победата на Наполи во Салерно

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ја запечати победата на Наполи (0:2) на гостувањето во Салерно, против Салернитана. Голото против Салернитана е прв за Елмас во Серија А од почетокот на сезоната.

Елмас, во 82.минута, постигна брилијантен гол, од работ на шеснаесетникот го погоди спротивниот агол од голот на Очоа.

Наполи претходно дојде до водство преку Распадори во 13.минута.

Наполи со шестата победа во сезоната дојде до 21. бод и се наоѓа на четвртото место. До крајот на ова рунда може да биде престигнат од Аталанта. Тимот од Бергамо е на петтата позиција со 19 бодови.

Scroll to Top