Top Sport

Елмас ја зеде „седумката“ на Каљехон

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас одбра нов број кој ќе го носи во наредната сезона.

Елмас минатото лето од Фенербахче пристигна во Наполи за сума од речиси 16.000.000 евра. Во првата сезона го носеше бројот 12 на грбот, одигра 26 натпревари во сите натпреварувања и постигна еден гол.

Својата втора сезона во Наполи Елмас ќе ја започне со нов број. Репрезентативецот на македонија реши да ја носи „седумката“ која во изминатите седум сезони ја Хозе Каљехон. Шпанецот по завршувањето на сезоната како слободен играч го напушти Наполи.

Scroll to Top