Top Sport

Завршницата во Рим пред публика

Мастерсот во Рим кој се игра од понеделникот ќе им биде достапен во живо на гледачите во полу-финалето и финалето.

Организаторите донесоа одлука дека завршницата на турнирот да се игра со публика, односно да биде исполнет 12,5 отсто од капацитетот.

Одлуката ја потврди и министерот за спорт во владата на Италија Виченцо Спадафора. Тој најавил дека ќе има 1.000 гледачи дневно.

Мастерсот во Рим стигна до осмина-финалето. Пласман во четврт-финалето веќе изборија Матео Беретини и Григор Димитров.

Останатите осмина-финални двијки се следни: Ѓоковиќ-Крајиновиќ, Убер-Шаповалов, Руд-Чилиќ, Лајовиќ-Надал, Мусети-Кепфер и Шварцман-Хуркач.

Scroll to Top