Top Sport

„Елмас може се да направи. Тој е шампион“

Елиф Елмас го реши дербито на „Сан Сиро“. Голот што го постигна во петтата минута ја направи разликата помеѓу Наполи и Милан. Репрезентативецот на Македонија го постигна петтиот гол сезонава во Серија А.

За прикажаното на теренот против Милан, „Газета дело Спорт“, му додели оценка 7,5. Пофалби за играта доби и од тренерот Лулано Спалети.

„Елмас е момче кое може се да направи. Тој е шампион“.

Наполи со оваа победа го стигна Милан на табелата. Двата тима сега имаат по 39 бода, четири помалку од лидерот Интер.

Scroll to Top