Top Sport

Елмас наредната недела ќе потпише за Лајпциг

Елиф Елмас кариерата ќе ја продолжи во Бундеслигата. Македонскиот репрезентативец од Неапол се сели во Лајпциг. Со „биковите“ ќе потпише договор до 2028 година. Лајпциг за трансферот на Елмас издвои 25 милиони евра.

Елмас, минатата сезона беше трет најдобар стрелец во тимот, кој на крајот ја освои шампионската титула. Со заминувањето на Лучано Спалети, неговиот статус во тимот се смени на полошо.

Малку играше кај Руди Гарсија и во последно време кај Валтер Мацари.

Статусот што го имаше од почетокот на сезоната предизвика тој да побара трансфер.

„Го продадовме Елмас, готово е. Тој сакаше постојано да игра, па решивме да го пуштиме“, рече првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис за „Кориере дело Спорт“.

Елмас наредната недела ќе отпатува во Лајпциг, а откако ќе ги мине лекарските прегледи ќе го стави потписот на договорот.

Scroll to Top