Top Sport

Елмас не е меѓу 20 кандидати за наградата „Golden Boy“

„Тутоспорт“ го скратија списокот на кандидати за наградата „Golden Boy“. На листата останале уште 20 фудбалери помлади од 21 година кои ќе конкурираат за наградата.

На скратената листа го нема македонскиот репрезентативец од Наполи Елиф Елмас, кој беше на првата листа што ја објави „Тутоспорт“ и на која имаше имиња на 40 млади фудбалери.

Наградата „Golden Boy“ се доделува од 2003 година, а лауреати биле Рахим Стерлинг, Ентони Марсијал, Ренато Санчез, Килијан Мбапе и Матијас Де Лихт.

Оваа година според прогнозите главен кандидат е играчот на Атлетико Мадрди, Жоао Феликс. Младиот Португалец ова лето за 126 милиони евра од Бенфика се пресели во Атлетико.

Покрај Жоао Феликс во конкуренција за наградата е и минатогодишниот лауреат Де Лихт, односно Алфонсо Дејвис, Џанлуиџи Донарума, Ансу Фати, Фил Фоден, Матео Гендузи, Ерлинг Халанд, Каи Хаверц, Дедјан Јовељиќ, Мојзе Кен, Ли Кангин, Андриј Олексијевич, Даниел Мален, Мејсон Маунт, Родриго, Џејдон Санчо, Феран Торес, Винисиус Жуниор и Николо Заниоло.

Свечената церемонија на која ќе биде доделена наградата ќе се одржи в Торино на 16 декември.

Scroll to Top