Top Sport

Наредното лето ќе го тестира пазарот, Богдановиќ посакува богат договор

Кошаркарот на Сакраменто Кингс, Богдан Богдановиќ, нема да го продолжи договорот со франшизата од Калифорнија туку наредното лето ќе има статус на „ограничено слободен играч“.

Играч со ваков статус може да прима понуди од сите тимови во лигата, но актуелниот клуб сепак е во повластена положба, бидејќи во случај да ја изедначи највисоката понуда тогаш Богдановиќ ќе остане во Сакраменто.

Инаку, доколку Богдановиќ до 21 октомври потпише нов договор со Сакраменто тогаш тој за четири години може да добие 52 милиони долари. Сепак според локалните медиуми Богдановиќ бил убеден дека може да добие „појак“ договор и поради тоа наредното лето ќе го тестира пазарот.

Богдановиќ имаше брилијантен настап на Светското првенство во Кона, каде Србија не успеа да освои медал. На СП Богдановиќ беше најдобар стрелец со просек од 22,9 поени по натпревар.

Минатата сезона во Сакраменто, негова втора во НБА-лигата, по натпревар бележел 14 поени, 3,8 асистенции и 3,5 скока.

Scroll to Top