Top Sport

„Елмас не оди никаде, ќе остане во Наполи“

Најдобриот македонски фудбалер во странство Елиф Елмас ќе остане во Наполи, рекол во интервју за „Калчомеркато“, таткото на фудбалерот Џеват Елмас.

Турските медиуми изминатите недели шпекулираа дека со доаѓањето на Џенаро Гатузо на кормилото на Наполи ќе нема место за македонскиот репрезентативец. Поради тоа тие започнаа со шпекулациите дека Елмас ќе се врати во Турција, односно дека ќе се пресели на позајмица во Бешикташ.

„Со никого не сум зборувал. Инфрмациите не се вистините. Елиф ќе остане во Наполи“, рекол таткото на фудбалерот на Наполи.

Scroll to Top