Top Sport

Елмас пет години во Наполи

Откако вчера успешно ги мина медицинските прегледи македонскиот репрезентативец Елиф Елмас денеска го парафираше пет годишниот договор со Наполи.

Елмас од договорот со Наполи ќе заработи вкупно 7,5 милиони евра. Наполитанците за трансферот на Елмас на Фенербахче им платија 16 милиони евра, а во зависност од тоа како ќе бидат исполнети бонусите на сметката на турскиот клуб можат да легнат уште три милиони евра.

Македонскиот репрезентативец изминатите две сезони ги мина во Фенербахче, а претходно настапуваше во Работнички.

Scroll to Top