Top Sport

Јувентус на пенали го победи Интер, блескаше Буфон (Видео)

Јувентус и Интер одиграа 1-1 во Нанџинг, а по изведувањето на пенали победата со 4-3 им припадна на избраниците на тренерот Маурицио Сари. Во пенал-рулетот Буфон ги одбрани ударите на Ранокиа, Лонго и Борха Валеро, а кај Јувентус промашија Рабио и Бернардески.

„Дерби дела Италија“ ги оправда очекувањата иако се работи за подготвителен период. Децениското ривалство на овие клубови придонесе натпреварот на моменти да наликува како да е од натпреварувачки карактер.
Првиот гол на мечот го постигна Матијас Де Лихт. Играчот за кого Јувентус издвоија 85 милиони евра, со лоша интервенција, во десеттата минута ја смести топката зад грбот на својот голман.

Израмнувањето дојде во 68 минута, кога Кристијано Роналдо изведе слободен удар, топката удри некој од играчите во живиот ѕид, го смени правецот и заврши во голот на Падели.

Драматична беше и пенал серијата. Во првите три серии Кансело, Роналдо и Емре Џан постигнаа голови за Јувентус, додека Буфон ги одбрани пеналите на Ранокиа и Лонго, додека Пушкаш постигна гол. Потоа Жоао Марио намали на 3-2, а играчите на Јуве не искористија две шанси да ја завршат приказната. Рабиот шутираше над голот, а Бернардески ја погоди гредата.

Шестата серија ја отвори Борха Валеро, Буфон го одбрани и неговиот удар, а потоа Демирал стави точка на натпреварот.

Scroll to Top