Top Sport

Елмас поради повреда нема да игра против Каљари

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас, поради повреда најверојатно ја заврши 2023 година.

Елмас ја повредил надколеницата на левата нога, на тренингот на Наполи. Поради повредата тој не тренирал во петокот.

Ова значи дека викендов тој нема да биде во тимот на Наполи против Каљари.

До крајот на годината, Наполи ќе игра против Монца и Рома во Серија А, односно Фросиноне во Купот. Како што сега стојат работите Елмас нема да биде во конкуренција ниту за овие натпревари.

Scroll to Top