Наполи вчера пријавија дека еден фудбалер, Пјотр Зјелински е позитивен на коронавирусот. Целиот ден во пресрет на дербито со Јувентус беше тестиран уште еднаш и на последните тестирања уште еден играч бил позитивен. За Жал во прашање е македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.
Позитивниот тест на Елмас значи дека тој нема да може да игра на 8 октомври против Косово во плејофот за пласман на Европското првенство.
Играчите на Наполи утре во Торино ќе направат нови тестови за да се утврди дали уште немој е позитивен. Покрај Наполи двајца позитивни пријавија и од Јувентус.