Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, спротивно на шпекулациите дека ќе замине од Наполи, го продолжи договорот со италијанскиот клуб до август 2025 година.
Наполи потврдија дека Елмас, кој дојде од Фенербахче минатата сезона, и Ди Лоренцо и Марио Риу ги продолжиле договорот на пет години, а според новиот договор тој ќе заработува околу 1.8 милиони евра по сезона.
Елмас нема постојано стартно место во тимот на Џенаро Гатузо, но одигра 36 натпревари за „партенопеи“ оваа сезона и постигна еден гол.
✍️ Ufficiali i rinnovi in azzurro di Di Lorenzo, Elmas e Mario Rui fino al 2025.
? https://t.co/2tQphhf4eW? #ForzaNapoliSempre pic.twitter.com/CALVLZwr49
— Official SSC Napoli (@sscnapoli) August 18, 2020