Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го постигна својот втор гол за Фенербахче за да „спаси“ поен во дербито со Галатасарај откако неговиот тим остана со играч помалку.
Во дуелот на двата најтрофејни турски клуба, целите беа различни – Галатасарај се обидуваше да го искористи поразот на лидерот Башакшехир од Бешикташ и со победа да се доближи на два поени од нив, додека Фенербахче по катастрофалната сезона се бори да не испадне од турската елита првпат во историјата.
На „Шукру Сарачоглу“ беше жешко од стартот, откако во првото полувреме фудбалерите на Фенербахче добија четири жолти картони, а Хасан Али Калдирим во 45. минута беше пратен во соблекувалните со директен црвен картон.
Галата ја искористи предноста и во 66. минута дојде до водство преку Нигериецот Хенри Оњекуру, но само пет минути подоцна, Елмас кој доби шанса да биде стартер на мечот, доби добра топка од Дирар во шестанесетникот и ефектно го совлада Муслера. Судијата Палабијик, сепак, реши да го провери ова преку ВАР-системот поради наводен претходен фаул, но на крајот покажа кон центарот.
Со ремито се продолжи традицијата на лоши настапи на „лавовите“ во Интерконтиненталното дерби, бидејќи Галата сега нема победа на гости кај Фенер во последните 23 меча.
Fenerbahçe 1-1 Galatasaray
71′ Eljif Elmas pic.twitter.com/OstYZpJaFr— Golaloo (@golalooo) April 14, 2019
— Golaloo (@golalooo) April 14, 2019
Fenerbahçe 0-1 Galatasaray
66′ Onyekuru pic.twitter.com/22UPrAnN6l— Golaloo (@golalooo) April 14, 2019