Top Sport

Елмас утре на лекарски прегледи во Наполи

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кариерата ќе ја продолжи во Наполи. Трансферот ќе изнесува 16 милиони евра, плус дополнителни бонуси. 19 годишниот утре траба да ги мине лекарските прегледи по што ќе сатане вториот Македонец, по Горан Панде, што ќе игра за Наполи.

Еламс летото се поврзуваше со неколку клуба, а од пред десет дена стана актуелен неговиот трансфер во Наполи.

Фенербахче, клуб чии дрес Елмас го носеше од 2017 година, денес потврди дека Елмас не е меѓу патниците што ќе патуваат на подготовките во Австрија.

Нешто подоцна Елмас се појавил во клубот и се збогувал со соиграчите.

Инаку трансферот малку го „кочеше“ продажбата на Марко Рог. Откако Наполи објавија дека тој ќе замине во Каљари за 15 милиони евра, се отвори патото за Елмас.

Scroll to Top