Елиф Елмас, со својот гол му овозможи на Фенербахче минимално да победи на гостувањето кај Коњаспор.
Македонскиот репрезентативец на теренот влезе во 61.минута, а шест минути подоцна го постигна единствениот гол на натпреварот и му овозможи на својот тим да ја прекине серијата од три порази во првенството.
Елмас, исто така, ќе биде запишан во историјата на славниот турски клуб. Тој е најмладиот играч на Фенербахче во последните три децении што успеал да постигне гол на официјален натпревар.
Елмас, голот вреден три бода, го постигна на возраст од 18 години, 11 месеци и 28 дена.