Top Sport

Елмас во идеалниот тим во 1. коло во Серија А (фото)

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас се најде во идеалниот тим во 1. коло во Серија А.

Страницата за спортска статистика, „WhoScored“ го оцени Елмас со оценка 8 за прикажаното на мечот против Венеција одигран во Неапол иако во игра влезе во 35. минута на местото на Зиелински. Во 73. минута успеа да го постигне вториот гол за тимот од Неапол (мечот заврши 2:0).

Заедно со Македонецот, првото коло од италијанското елитно друштво го одбележаа и новиот фудбалер на Интер, Хакан Чалханоглу, но Педро (Калјари), Закањи (Верона).

Место меѓу најзабележителните имаше и за голманот Руи Патрисио, потоа Хисај, Шкрињар, Паломино и Лазари.
Најдобро оценети напаѓачи се Дибала (Јувентус) и Џеко (Интер).

Scroll to Top