Top Sport

Елмас за 25 милиони евра од Наполи се сели во Лајпциг

Елиф Елмас од 1.јануари ќе отвори ново поглавје во кариерата. 24.годишникот го договори трансферот во Лајпциг. Германскиот клуб и минатото лето покажа интерес за македонскиот репрезентативец, трансферот успеа да го реализира шест месеци подоцна.

Елмас, во 2019 година се пресели во Наполи. Италијанскиот клуб тогаш на Фенербахче му плати речиси 16 милиони евра. За Наполитанците одигра 185 натпревари, постигна 19 голови. Со Наполи во 202 година го освои Купот на Италија, а минатата сезона стана шампион на Италија. Беше трет стрелец на тимот кој по 33 години го врати скудетото во Неапол.

Според информациите, Елмас потпишал договор со Лајпциг до јуни 2028 година. Наполи од трансферот ќе инкасира 25 милиони евра. Фиксниот дел изнесува 24 милиони евра, а останатиот милион Наполи ќе може да го добие преку бонусите.

Ова е рекорден трансфер на македонски фудбалер. Елмас го држеше и претходниот рекорд кога од Фенербахче се пресели во Наполи.

Scroll to Top