Top Sport

Емери: Арсенал само со „тактика“ може да го стигне Манчестер сити

Новиот менаџер на Арсенал, Унаи Емери вели дека неговиот тим мора да го примени неговиот стил на тактика ако сака да ја намали предноста од шампионите Манчестер сити, која беше евидентна при 2:0 поразот во првото коло од Премиер лигата.

„Топчиите“ беа надиграни на „Емирати“, во меч во кој уште еднаш се покажа силата на „четата“ на Пеп Гвардиола, но Емери вели дека имало и позитивни работи.

„Се подобривме во текот на 90-те минути во мечот, но мораме да бидеме уште подобри за следниот меч. Против Манчестер сити ти е потребно да го извлечеш најдоброто од тимот, а како што видовме, не чека многу работа. Задоволен сум од борбеноста на моите фудбалери, но мораме да работиме тактички да ја намалиме разликата од тимовите како Манчестер сити“, вели Емери.

За Емери и Арсенал нема време за одмор – веќе следната недела гостуваат на „Стемфорд бриџ“ кај Челси.

Фото: ЕПА

„Граѓаните“ одбраната на круната ја почнаа шампионски (видео)

Scroll to Top