Top Sport

Милер: Затоа Баерн не го пушта Левандовски!

Томас Милер вели дека Роберт Левандовски покажал зошто Баерн Минхен одбиваат било какви разговори за полскиот напаѓач откако постигна хет-трик во германскиот Суперкуп против Ајнтрахт Франкфурт предводејќи ги Баварците до 5:0 победа.

Околу иднината на Левандовски многу се пишуваше ова лето, откако агентот на 29-годишниот Полјак најави дека тој сака трансфер, но Милер вели дека неговиот колега мора да остане на „Алијанц арената“.

„Тоа беше совршен одговор на сите критики. Лева уште еднаш го покажа својот квалитет, иако талентот никогаш не бил под сомнеж. Мораме да го одржиме на 100 отсто, бидејќи тој е клучен фудбалер за нас и затоа клубот не го пушта“, вели Милер.

Фото: ЕПА

Баерн го „здроби“ Ајнтрахт за титула од Суперкупот (видео)

Scroll to Top