Top Sport

Емери го одбил Евертон

Доскорешниот тренер на Арсенал, Унаи Емери, ја одбил понудата да седне на клупата на Евертон, тврди „Марка“. Според овој извор Емери не бил заинтересиран ниту да се пресели во Кина.

Водечките англиски медиуми изминатите денови пишуваа дека Емери ќе го наследи Марко Силва на клупата на Евертон, меѓутоа „Марка“ пишува дека тренерот имал желба да стане тренер во клуб кој ќе се бори за трофеи.

Емери на клупата на Арсенал го наследи Фреди Љунберг, но тој е само привремено решение. Од друга страна со Евертон се поврзуваат Карло Анчелоти и Дејвид Мојс.

Scroll to Top