Top Sport

Сопругата ќе реши дали Икарди ќе остане во ПСЖ

Челниците на Пари Сен Жермен биле подготвени во јануари да го откупат договорот на Мауро Икарди од Интер. Плановите би можела да им ги расипе сопругата на Икарди, која е и негов менаџер, Ванда Нара. Според италијанските медиуми таа сакал да ги разгледа и понудите на другите тимови.

Интер им го позајми Икарди на ПСЖ, со можност Французите, по завршувањето на сезоната, да го откупат неговиот договор за 70 милиони евра. Аргетинецот игра добро во Париз, поради што челниците на ПСЖ имале намера шест месеци пред истекот на рокот да ги платат бараните 70 милиони евра.

Ванда Нара од друга страна најпрвин ќе ги разгледа другите понуди. Добрата форма бво која се наоѓа нејзниот сопруг го привлекла вниманието на Реал Мадрид и Јувентус.

Икарди во дресот на ПСЖ одигра 15 натпревари, постигнал 12 гола.

Scroll to Top