Top Sport

Емери го продолжи договорот со Астон Вила

Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, потпиша нов петгодишен договор со клубот од Бирмингем. Шпанецот ќе остане на „Вила парк“ до 2029 година.

По фантастичната сезона во Премиер лигата, Астон Вила обезбеди пласман во Лигата на шампионите следната сезона, а голема заслуга за тоа има шпанскиот тренер.

Унаи Емери (52) пристигна на „Вила Парк“ од Виљареал во октомври 2022 година, кога клубот беше на 17. место во Премиер лигата. Во истата сезона ги предводеше до седмото место, а оваа сезона ја заврши на четвртата позиција зад Манчестер сити, Арсенал и Ливерпул.

Поранешниот менаџер на Севилја, ПСЖ и Арсенал оваа сезона ја одведе Астон Вила до полуфиналето на Конференциската лига во првата европска кампања на клубот од Бирмингем по 13 години.

Scroll to Top