Поранешниот тренер на Арсенал Унаи Емери открил дека минатото лето додека се уште бил во Лондон имал желба во клубот да го донесе Вилфред Заха, а не Пепе.
Емери открива дека тој имал средба со Заха, меѓутоа клупските челници имале поинакви планови. На крајот Заха остана во Кристал Палас, а во Арсенал од Лил пристигна репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска.
„Го донесовме Пепе. Тој е добар играч, но не знаевме како ќе се адаптира и не знаевме каков карактер е. Сакав да донесам играч кој ја познава Премиерлигата. Го гледав Заха беше фантастичен им кажав на челниците дека ние потребен таков играч. Имав состанок со Заха и тој сакаше да дојде во Арсенал. Меѓутоа челниците решија дека Пепе е подбра опција за клубот“, открива Емери.
Арсенал за Пепе платија 87.000.000 евра што е најголем трансфер во клупската историја.