Тренерот на Вилјареал, и поранешен прв човек на Арсенал, Унаи Емери не издржа да одговори на провокациит од англиските фанови, кои бараа тој да каже „Good ebening“, откако додека беше во Англија беше предмет на потсмев поради слабото познавање на англискиот јазик.
Пред пријателскиот меч на „Сент Мерис“ против Саутемптон, Емери потпишуваше автограми на фановите, кога дел од навивачите решија да го провоцираат. 50-годишниот Емери помина 18 месеци во Арсенал, во кои не успеа да обезбеи топ 4 пласман, но затоа во Вилјареал ја врати репутацијата со титулата од Лига Европа во 2021, пред минатата сезона да ја пласира „жолтата подморница“ во полуфиналето на Лигата на шампиони.
Unai Emery with a perfect response ? pic.twitter.com/NsFgEebAT5
— EPL Bible (@EPLBible) July 31, 2022