Унаи Емери нема да ја прифати понудата од Њукасл. Англиските медиуми вчера лансираа информација дека Емери ќе го напушти Виљареал за да го преземе Њукасл. Според тие извори, Њукасл биле подготвени да платат шест милиони евра, како обесштетување.
Емери, претпладнево имал разговори со претседателот на клубот, Фернандо Роѓ. Тој и по победата над Јанг Бојс, во Лигата на шампионите, демантираше дека ќе биде новиот менаџер на Њукасл.
„Интересот постои, но конкретна понуда не е испратена. Среќен сум во Виљареал. Доколку постоеше некаква понуда, најпрвин ќе седнев да разговарам со претседателот Роѓ. Имам голема почит кон претседателот и екипата“, рекол Емери.
Шпанските медиуми тврдат дека на Емери не му се допаѓал проектот на Њукасл. Тој не гледал луѓе со искуство на клучните позиции., поради тоа ќе остане во Виљареал.