Фудбалерите на Арсенал вчера го одиграа својот натпревар во Лига Европа. Во Португалија, против Виторија Гимараеш, Арсенал одиграа 1:1. Нерешениот резултат ги засили медиумските шпекулации околу иднината на менаџерот Унаи Емери.
Шпанскиот стратег се наоѓа под константен притисок особено поради резултатите во Премиер лигата. Наводно Арсенал веќе преговарале со Жозе Мурињо.
Одговарајќи на новинарско прашање по мечот во Португалија, Емери јасно ставил до знаење дека не е загрижен за својата позиција.
„Јас сум тренер на Арсенал“, порачал Емери.
Од друга страна Мурињо веќе една година не работи во струката. Португалецот во декември минатата недела доби отказ во Манчестер Јунајтед.