Top Sport

Емери: Кога би можеле да не играме против Ливерпул

Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери, рекол дека натпреварот со Ливерул ќе биде уште еден голем тест за сите во клубот. Арсенал, во рамките на третото коло во Премиер лигата, ќе гостуваат на „Енфилд“ во Ливерпул.

Култниот стадион не е местото на кое Арсенал се чувствуваа комфорно во изминатите неколку сезони. На последните три гостувања Арсенал имаат исто толку порази со гол разлика 2:12.

„Не сакаме кога играме против Ливерпул, ако би можеле да бираме, никогаш не сакале да играме против нив“, рекол Емери.

Арсенал и Ливерпул по две кола се единствените тимови во лигата со две победи.

Тимот на Емери ги совлада Њукасл и Барнли, а тимот на Клоп славеше против Норич и Саутемптон.

„Ќе биде голем тест за нас, за сите во клубот. Наша цел е да се доближиме до Манчестер сити, Ливерпул и Тотенхем. Поради тоа ваквите дуели се предизвик за Арсенал“, заклучил шпанскиот тренер.

Дербито помеѓу Ливерпул и Арсенал ќе се одигра в сабота од 18.30 часот.

Scroll to Top