Фудбалерите на Виљареал не успеаја да направат чудо и да се пласираат во финалето во Лигата на шампионите.
Играчите на Унаи Емери, во реваншот, во првото полувреме успеаја да ја поништат предноста на Ливерпул од првиот натпревар, сепак не издржаа, во вториот дел за само 13 минути примија три гола.
„Не можеме да бидеме среќни поради начинот на кој го загубивме натпреварот, секако дека сме тажни. Сепак, Ливерпул заслужи да игра во финалето бидејќи не одигравме како што треба на „Енфилд”. Таа разлика во играта од првиот и вториот натпревар беше пресудна“, изјави Емери.