Поранешниот менаџер на Арсенал, Унаи Емери тврди дека Месут Озил е „малку зад врвните фудбалери“ во моментов и објаснува дека германскиот плејмејкер не може да се „носи“ со физичките побарувања на Премиер лигата.
48-годишниот Емери доби отказ од Арсенал по слабата низа на резултати, а неговото „владеење“ на „Емирати“ беше одбележано со конфликтот со поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, и тренерот останува на своето мислење за Озил.
„Тој е многу добар фудбалер, но физичките побарувања во Премиер лигата се многу високи. Неговите перформанси секогаш се непредвидливи. Според мене, во моментов тој е малку зад врвните фудбалери. Понекогаш Арсенал играат подобро без него бидејќи тој не прави некоја голема разлика“, вели Емери во интервју за „Марка“.
Тој додава дека Озил не го исполнува својот потенцијал ниту под неговиот заменик Микел Артета, иако атмосферата во клуботе попозитивна.
„Микел има многу искуство како фудбалер и работеше покрај Пеп Гвардиола во Манчестер сити и совршен е за тренер на Арсенал. Тој игра 4-2-3-1 формација, исто како мене, Озил уште им е ’број 10’ и полека го бара идентитетот. Без мене ја нема непријателската атмосфера иако резултатите не се најдобри“, вели Емери.