Top Sport

Рејсинг поинт од 2021 ќе стане Астон Мартин Ф1!

Конзорциум предводен од канадскиот милијардер Лоренс Строл, ќе инвестира 182 милиони фунти во британскиот производител на луксузни автомобили Астон Мартин, по што од 2021 година тимот на Рејсинг поинт (поранешни Форс Индија), ќе биде преименуван во Астон Мартин Ф1.

Строл, кој му е татко на возачот на Рејсинг поинт, Ленс Строл, е делумен сопственик на Рејсинг поинт откако го спаси тимот од пропаст минатата година.

Славната 106 години стара компанија Астон Мартин, чиј најславен корисник останува Џејмс Бонд во сите негови филмови, се наоѓа во тешка финансиска состојба откако минатата година успеа да продаде само 5.809 автомобили. Конзорциумот на Строл ќе преземе 20 отсто од компанијата и тој ќе стане извршен директор на компанијата.

Scroll to Top