Top Sport

Емери: Мустафи може да си оди

Менаџерот на Арсенал Унаи Емери призна дека му порачал на германскиот дефанзивец Шкодран Мустафи дека може да си бара нов клуб, откако според многу навивачи на „топчиите“ тој беше виновен за премногу киксови минатата сезона.

Мустафи ретко добиваше шанса во летните подготвителни мечеви, со Калам Чејмберс на неговото место и се очекува Чејмберс покрај Сократис да стартува на дуелот со Њукасл во првото коло на Премиер лигата. Со доаѓањето на Давид Луиз од Челси, ситуацијата воопшто не изгледа добро за Мустафи.

„Зборував со него по крајот на минатата сезона и пред стартот на подготвителните мечеви. Пред две недели му порачав дека има можност да си најде клуб. Сега ќе бидеме поконкурентни во секоја позиција, на централен бек со Давид Луиз со Дани Себалјос, Киеран Тирни и Николас Пепе во средината. Некои фудбалери ќе играат помалку и можат да си заминат“, вели Емери.

Мустафи е поврзуван со трансфер во Монако, а беше исвиркуван од навивачите на турнејата во САД, како и во Лондон во мечот против Лион.

Навивачите на Арсенал ги губат нервите со Мустафи

Scroll to Top