Top Sport

Навивачите на Арсенал ги губат нервите со Мустафи

Навивачите на Арсенал го најдоа виновникот за првиот домашен пораз по 251 ден (16 меча), откако Кристал палас ги совладаа со неверојатни 2:3 – се работи за германскиот дефанзивец Шкодран Мустафи.

Бекот не само што беше виновен за многу грешки во текот на целиот меч, туку според навивачите беше виновен за два гола на противникот. Кристијан Бентеке во 17. минута постигна гол со глава по слободен удар откако Мустафи не го „бранеше“, но ако тоа можеше да биде простено, тогаш дојде грешката за вториот гол. Неверојатно недоразбирање со Бернд Лено дозволи Вилфрид Заха да биде прецизен.

Познатиот новинар и навивач на Арсенал, Пирс Морган беше брутален на Твитер: „Мустафи е најлошото трошење на 35 милиони фунти во фудбалската историја. Што мислеше дека прави?“.

Ливерпул се враќа со три поени од Велс, Палас со „шок“ за Арсенал (видео)

Арсенал ќе направат сè што можат да го продадат Шкодран Мустафи

Scroll to Top