Тренерот на Пари Сен-Жермен, Унаи Емери вели дека фудбалскиот свет треба да е благодарен што богатите клубови како ПСЖ и Манчестер сити го „тресат“ фудбалот и се закануваат на доминацијата на шпанските тимови Реал Мадрид и Барселона.
Претседателот на шпанската Ла лига, Хавиер Тебас, ги пријави ПСЖ и Сити до Европската Унија поради финансиската пркатика на двата клуба кои се во сопственост на кралските семејства на Катар (ПСЖ) и Абу Даби (Манчестер сити), откако ПСЖ платија 222 милиони евра за Нејмар од Барселона. ПСЖ исто така ја победи Барса за потписот на тинејџерот Килијан Мбапе од Монако за 180 милиони евра.
„Мадрид и Барселона го сакаа Килијан, но ПСЖ имаше доволно мускули да го заддржи во француски клуб и мислам дека тоа се случи поради фудбалски, а не финансиски причини и е нешто ново во европскиот клупски поредок. Традиционалните клубови гледаат како нивното кралство е под закана од ПСЖ и Сити, кои се тимови со финансиска моќ. Ова е добро за фудбалот, бидејќи сега има нови тимови. Сите треба да бидат благодарни“, вели Емери во интервју за шпанскиот спортски весник „Марка“.
ПСЖ има 11 поени предност во Лига 1 и играат со Реал Мадрид во Лигата на шампионите следната недела. Емери се заблагодари на сопственикот Насер Ал-Хелаифи што му дозволи да ги брка најдобрите.
„Секогаш ќе се сеќавам на моментите кога Реал Мадрид го купија Зинедин Зидан, Кристијано Роналдо и Хамес Родригес. Барса исто така ја платија клаузулата на Ривалдо, а сега таков капацитет имаме во Франција. Тоа треба да биде добро за нашата земја, најдобрите да играат кај нас“, додава Емери.