Top Sport

Емери: Озил ја има судбината во своите раце

Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери побара од Месут Озил да ги надмине малите повреди и да продолжи со постојани перформанси за да може да се врати во првиот состав на „топчиите“.

Германецот стартуваше само четири пати за Арсенал од 1:1 ремито со Вулверхемптон во ноември, но може да биде во составот за дуелот од Лига Европа против БАТЕ Борисов по 1:0 поразот во Белорусија.

Емери призна дека го оставил Озил надвор од составот поради „тактички причини“ оваа сезона, но сега е задоволен од тоа што го видел на тренинзите.

„Клучот е во неговите раце. Тој работи одлично на тренинзи и во разговор му посочив да биде попостојан и да биде достапен за клубот. Кога ќе тренираш постојано со ист квалитет, тогаш можеш да имаш и добри перформанси во мечеви. Го сакам Месут без повреди, без болести, бидејќи е потребен на овој клуб“, вели Емери.

Scroll to Top