Top Sport

Сари објасни зошто Канте не игра на „неговата“ позиција (видео)

Една од најголемите фрустрации за навивачите на Челси со тренерот Маурицио Сари е Н’Голо Канте и неговата позиција во системот на Италијанецот, откако Сари реши дека Канте подобро игра како крило.

Канте во минатото постојано ја имаше позицијата во центарот на теренот, импресионирајќи со својата игра, но откако Сари го замени Антонио Конте, оваа позиција му припадна на засилувањето Жоргињо. Пред мечот од Лига Европа против Малме, поранешниот стратег на Наполи ја објасни својата тактика.

„Сакам фудбалер кој може да ја движи топката бргу во средината и во одбраната, и затоа Н’Голо Кане не игра таму. Дали ќе играат и други фудбалери на таа позиција? Мислам дека е поважно да се смени нашиот менталитет, а не нашиот фудбалски состав“, објаснува Сари.

Scroll to Top