Унаи Емери повторно е на удар на навивачите на Арсенал, откако по 1:1 ремито дома со Вулверхемптон, шпанскиот стратег изјави дека мечот се одвивал како што тој сака тактички и покрај тоа што гостите имаа повеќе шанси.
Без Гранит Џака и со Месут Озил во тимот, „топчиите“ дојдоа до рано водство преку Пјер-Емерик Обамејанг, но со својот стил на игра со контранапади, тие предизвикаа многу шанси за гостите и Раул Хименез израмни во второто полувреме. Емери не беше незадоволен.
„Резултатот е лош, но тактички мојот план функционираше совршено. Можеби заслуживме повеќе, но фудбалерите го дадоа својот максимум“, изјави Емери.
Иако Арсенал имаше повеќе посед на топката, Вулфс имаа 25 удари, додека Арсенал само 10.