Top Sport

Емери со порака за своите фудбалери: Размислувајте како Рафа Надал

Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери побара од неговите фудбалери да го следат примерот на неговиот омилен тенисер, Рафаел Надал во финалето на Лига Европа против лондонскиот ривал Челси на 29 мај.

Емери вели дека ќе биде потребна огромна посветеност и верба во успех по сите контроверзи околу далечното финале во Баку и отсуството на Хенрик Мхитарјан и вели дека примерот на неговиот шпански сонародник и 17-кратен гренд слем шампион Надал е совршен.

„Ја прочитав неговата книга и неговата историја може да се забележи дека е само: работа, работа, работа. Кога се мачи на некој меч, кога игра пет часа, поминува низ многу проблеми. Тогаш треба да бидеш ментално силен и да ја смениш негативната енергија во позитивна. Фудбалот е сличен, само што се работи за 90 минути и што имаш 10 соиграчи да се потпреш, иако си сам на теренот“, вели Емери, кој веќе има три титули од Лига Европа со тимот на Севилја.

За Арсенал, финалето е супер-важно, бидејќи само со победа ќе обезбедат место во Лигата на шампионите следната сезона по петтото место во Премиер лигата.

Scroll to Top