Top Sport

Последните круни пред Ролан Гарос за Зверев, Пер, Јастремска и Путинцева

Александер Зверев ги „преживеа“ двете одложувања поради дожд и упорниот Чилеанец Николас Жари за да стигне до титулата од Женева опен пред Ролан Гарос со 6:3/3:6/7:6(10:8) победа за кревање на самодовербата по лошата сезона.

Французинот Беноа Пер ја освои својата втора титула на земја оваа сезона со убедлива 6:4/6:3 победа над канадскиот тинејџер Феликс Оже-Алиасим во финалето на Лион опен. 30-годишниот Пер го искористи своето искуство за да доминира во првиот сет, пред да се мачи на стартот на вториот, но на крајот трофејот заврши кај него.

Во најдолгиот меч на ВТА турнејата оваа сезона (2 часа и 58 минути), украинската тинејџерка Дајана Јастремска стигна до третата титула во последните осум месеци, откако со 6:4/5:7/7:6(3) ја победи Французинката Каролине Гарсија во финалето на Интернационал де Стразбур.

Јастремска прво успеа да пропушти две меч-топки на 6:4/5:3, пред шампионката од 2016 Гарсија да се врати и да го освои вториот сет, по што Украинката спаси еден меч-поен за исцрпувачка победа. Јастремска би требала да го стартува Ролан Гарос против Карла Суарез Наваро првпат во топ 30.

Во Нирнберг пак, Казахстанката Јулија Путинцева се врати од сет негатива за 4:6/6:4/6:2 победа над Словенката Тамара Зиданшек за своја прва ВТА титула. 24-годишната Путинцева претходно губеше во финалињата во Санкт Петерсбург во 2017 и во Гуангжу минатата година.

Scroll to Top