Тренерот на фудбалерите на Арсенал, Унаи Емери, рекол дека клубот се наоѓа под финансиски притисок и дека поради тоа нема да троши големи суми на пари за засилувања во зимскиот преоден рок.
Емери за британските медиуми изјавил дека клубот ќе може евентуално да донесе некого на позајмица. Една таква трансфер-цел е фудбалерот на Барселона, Денис Суарез.
Проблемот со Суарез е тој што Барселона сака да го продаде овој фудбалер, а не да го испраќа на позајмица како што тоа го правеше во минатото кога фудбалерот играше за Севилја, а потоа и за Вилјареал.
„Не можеме да потпишуваме долгорочни договори со фудбалери, во моментов можеме само да позајмуваме од други тимови. Не знам каква е ситуација на Денис Суарез во Барселона, но знам во кава ситуација се наоѓаме ние“, рекол Емери.
Арсенал, во моментов се наоѓа на петтото место во Премиер лигата зад Ливерпул, Манчестер сити, Тотенхем и Челси. Играчите на Емери по 21 натпревар имаат 41 бод.