Унаи Емери ја пропуштил шансата да го ангажира Мохамед Салах додека беше тренер на Пари Сен-Жермен бидејќи имал „сомнежи“ околу египетската ѕвезда на Ливерпул, иако сега признава дека е еден од најдобрите на светот.
Одлуката била донесена додека Салах играше за Рома, каде што помина 12 месеци на позајмица и уште една година на постојан договор. Ливерпул платија 46 милиони евра за Салах, по што минатата сезона постигна 44 голови. Таа форма на 26-годишната ѕвезда продолжи и оваа сезона во која има 15 гола за „црвените“. Емери ќе има шанса да се судри со него во сабота кога Арсенал гостува на „Енфилд“.
„Зборувавме за можноста да го земеме Салах во Пари Сен-Жермен додека играше за Рома. Но, постоеја некои сомнежи и тогаш тој потпиша за Ливерпул во јуни 2017. Тогаш сомнежите ги снема. Сега, да, тој дефинитивно е меѓу топ 5 фудбалерите на светот. Што беа сомнежите? Дали може тие перформанси да ги повтори во голем клуб како ПСЖ“, вели Емери.