Top Sport

Осудениот убиец Писториус во затвор проповеда и одгледува зеленчук

Јужноафриканските медиуми откриват дека Оскар Писториус, поранешната параолимписка ѕвезда, кој отслужува 13 години и 5 месеци затвор за убиство на неговата свршеница Рива Стенкамп, во затворот е водач на групата за истражување на Библијата.

Писториус, со прекар „Блејд ранер“, во на 14 февруари 2013 година ја застрела Стенкамп преку вратата во тоалетот и се бранеше дека мислел дека е провалник, по што во 2015 беше осуден на долга казна затвор.  Во затворот тој двапати неделно ја предводи религиозната група во која според јужноафриканските медиуми има и меѓу најстрашните криминалци од Јужна Африка.

„Оскар е водач на проучувањето на Библијата и помага на тие кои почнуваат со читањето на молитвите. Тој секогаш беше вистинско дете на Господ. Смета дека така може да придонесе нешто и да помогне каде што може“, вели неговиот татко Хенке Писториус.

Писториус прво беше осуден на убиство од небрежност, но Апелациониот суд ја преименува одлуката и ја продолжи неговата казна на 13 години и 5 месеци. 32-годишниот Писториус во затворот во Преторија исто така е одговорен и за зеленчкова градина. Тој ќе може да побара помилување во 2023 година.

Scroll to Top