Top Sport

Емери замената за Еми Мартинез ја најде во Ливерпул

Астон Вила во летниот преоден рок очигледно ќе мора да бара замена за голманот Емилијано Мартинез, кој сака нов предизвик во кариерата и најверојатно ќе се пресели во Саудиска Арабија.

Како што објавија британските медиуми, резервниот голман на Ливерпул, Каоимин Келехер (26), би можел да пристигне во Бирмингем и наводно е прва желба на менаџерот на Вила, Унаи Емери.

Репрезентативецот на Република Ирска во неколку наврати оваа сезона покажа дека може да се справи со тешки задачи во Премиер лигата.

Келехер беше на голот во ситуации кога Алисон беше повреден, го замени брилијантно, а навивачите на „црвените“ апелираа до раководството на клубот да му го обнови договорот.

Сепак, Астон Вила ќе испрати понуда, а наводно во игра се и Челзи, Њукасл и Борнмут.

Планирано е Келехер да биде резерва во Ливерпул и следната сезона, но само доколку Алисон остане, бидејќи на „Енфилд“ ќе пристигне и голманот на Валенсија Георги Мамардашвили.

Scroll to Top