Top Sport

Еми Мартинез не е достапен за Вила – уште е уморен од прославата на титулата?

Емилијано Мартинез најверојатно нема да биде на голот на Астон вила денеска против Тотенхем, тврдат британските медиуми, откако во петокот се врати од Аргентина, каде што ја прославуваше светската титула, поради што Унаи Емери ќе се реши да го остави Роберт Олсен на голот.

Олсен беше на голот при 3:1 поразот од Ливерпул на „Вила парк“, а и покрај лошиот меч, повторно ќе ја добие довербата на Емери, кој претходно го предупреди Мартинез дека треба да биде „ментално и физички“ фокусиран на Вила.

Вила играат со Вулверхемптон за само три дена, така што тоа најверојатно ќе биде камбекот на 30-годишниот Мартинез, кој беше во фокусот на јавноста не само поради неговите фантастични перформанси на аргентинскиот гол, туку и поради неговото непристојно прославување при освојувањето на титулата, нешто за што Емери најави дека ќе зборува со Аргентинецот.

Scroll to Top