Македонија успешно стартуваше во квалификациите за пласман на ЕУРО 2020, во првите две кола избраниците на селекторот Игор Ангеловски освоија четири бода. Во четвртокот, во Скопје, Македонија ја победи Летонија 3:1, а синоќа, во Љубљана ремизираше со Словенија 1:1.
Утрово, по ремито со Словенија, на социјалните мрежи се огласи селекторот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски.
„Не постои сила што ова може да го сруши!!! Дечки ви благодарам за секој момент поминат со вас. Благодарност до нашите браќа во Љубљана. Македонија…Семејство !!!“, напишал селекторот на „Фејсбук“.
Нова рунда натпревари во квалификациите репрезентативците ќе одиграат во јуни, кога во Скопје ќе гостуваат најпрвин Полска (7 јуни), а потоа и Австрија (10 јуни).