Top Sport

Кардиф не сакаат да го платат обесштетувањето за Сала

Челниците на фудбалскиот клуб Кардиф, подготвиле изјава што ќе ја испратат во ФИФА, а која се однесува на трансферот на починатиот Емилијано Сала. Кардиф не се откажуваат од намерата да не го платат обесштетувањето за фудбалерот што трагично загина во авионска несреќа.

Клупските челници тврдат дека Премиер лигата не успеала да го регистрира трансферот на Емилиано Сала, бидејќи клубовите договориле начин на плаќање што не бил според правилата во Англија.

Исто така во договорот за трансфер биле напишани неколку законски услови кои не биле исполнети.

Од друга страна Нант нема да се откажат од обесштетувањето. Според нив сертификатот бил заведен во меѓународните институции.

Scroll to Top